Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“

Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување на вежбата „Swift Response 24”, што е во рамки на кампањата на вежби „DEFENDER 24“ кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата на Република Македонија.
Делот од вежбата „Swift Response 24” што ќе се одвива на АП Криволак во период од 05.05 до 29.05.2024 година, се состои од вежбовни активности на терен со изведување на одделенски и водни боеви гаѓања, како и во воздушниот простор со воздухоплови, беспилотни летала и изведување на падобрански скокови.
– Вежбата за нас има значење во однос на потврдување на капацитетите на АП „Криволак“, подобрување на интероперабилноста и оспособеноста за борбено сервисна подршка на сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции. Воедно, интероперабилноста и вежбите како „Swift Response“ овозможуваат одржување на потребното ниво на подготвеност и го истакнуваат силното сојузништво во НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од Армијата.
Активностите за подготовка, меѓу кои пристигнување на персонал и потребни материјални средства по копнен и воздушен пат, како и вежбовните активности на терен, се додава во соопштението, се одобрени со одлуката од 14 седница на Владата на Република Македонија и се целосно координирани со сите надлежни институции согласно пропишаните процедури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…