Почнува двонеделна „антинуклеарна“ воена вежба на НАТО

t

Со над 2.000 војници од 14 земји членки на НАТО денеска започнува двонеделна воена вежба насловена „Непоколебливо пладне“, насочена кон тестирање на капацитетите на Алијансата за нуклеарно одвраќање.

Во најголемиот дел вежбата ќе се одржува во воздухопловната база „Фолкел“ во Холандија и над Северното Море, но во неа ќе бидат вклучени и неколку други воени капацитети низ Европа, вклучително и во Белгија.

Целта на „Непоколебливо пладне“ е обука за користење, транспорт и управување со тактичко нуклеарно оружје, со посебен фокус на процедурите, комуникацијата и соработката, а не на самото негово користење.

Според генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, целта на вежбата е одржување на „кредибилно, безбедно и ефикасно“ нуклеарно одвраќање на Алијансата.

– Исто така, испраќаме јасен сигнал до секој потенцијален противник дека можеме и ќе ги заштитиме сите сојузници од сите закани, додаде Руте.

Според најавите, во вежбите ќе бидат вклучени ловци Ф-35, авиони-танкери и летала за поддршка на Военото воздухопловство на САД, како и борбени авиони на неколку други земји членки на НАТО, меѓу кои и Полска и Финска.

Раководителот на Одделот за нуклеарни операции на НАТО, полковник Даниел Банч најави дека во фокусот на вежбата ќе безбедноста на копненото нуклеарно оружје, но ќе биде тестирана и опрема за електронско војување, извидување и разузнавање.

– Постојат секакви закани што мора да ги земеме предвид, бидејќи овие инсталации се меѓу најбезбедните во светот и бараат максимална безбедност, изјави Банч, додавајќи дека на вежбата ќе се посвети внимание и на се поголемиот број на регистрирани дронови на воените бази на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски авиони летале во мисија со САД…

Британија денеска соопшти дека порано оваа недела…

НАТО за турските дронови: Секоја воздушна активност…

Потребно е секоја активност во воздушниот простор…

НАТО започнува голема нуклеарна вежба

Годишната НАТО-вежба за нуклеарно одвраќање Steadfast Noon…

НАТО утре ќе се состане на барање…

Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на…

НАТО распоредува турски систем за воздушен надзор…

НАТО ќе го распореди турскиот систем за…