Почнува контраофанзива: Украина ќе се обиде да го врати Херсон
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук синоќа ги повика цивилите во областа Херсон на југот на Украина, која е под контрола на Русија, итно да се евакуираат бидејќи украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.
– Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат, објави Верешчук на националната телевизија и нагласи дека не може точно да каже кога ќе се случи украинската контраофанзива.
Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат „како жив штит“.
Властите во Херсон, назначени од Русија, велат дека сакаат референдум за отцепување, но допрва треба да одредат датум, додека Кремљ вели дека иднината на регионот треба да ја решаваат неговите жители.
Украина изгуби контрола над поголемиот дел од црноморскиот регион Херсон, вклучувајќи го и истоимениот главен град, во првите недели по почетокот на руската офанзива на 24 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…
Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…