Објавено на:

Почнува ли “светската” војна? Лукашенко ја обвинува Украина за провокации на границата – Се распоредуваат војници!

t

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана и да изврши извидување, што тој ги нарече провокативни акции.

Во февруари, Лукашенко му дозволи на својот близок сојузник Русија да ја искористи белоруската територија за да ја почне воената операција во Украина, порача дека Белорусија не е страна во конфликтот и дека нејзините сили не се вклучени во борбите.

Во изјавата што ја пренесе државната агенција БелТА, Лукашенко вели дека украинските војници кои дошле на границата ги блокирале патиштата и поставувале контролни пунктови и пукачки позиции.

Со еден збор, не само што беа подигнати барикади, туку беше изграден и ѕид. Постојано се врши оптичко, радиоелектронско и радиотехничко извидување на нашата територија, армија и објекти. Тие често ја нарушуваат државната граница со своите дронови. И притоа глумат загриженост со зборовите „Не дозволувајте Белорусија да влезе во војна“. А на границата постојано прават провокации – изјави Лукашенко.

Тој порече дека неговата земја е вклучена во конфликтот само за да го спречи неговото ширење во Белорусија и „да спречи напад врз Белорусија од Полска, Литванија и Летонија“

Како што им кажав на Русите, никој нема да им пука в грб од територијата на Белорусија – нагласи Лукашенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Стејт департментот со предупредување до Американците да…

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…