Објавено на:

Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање на изборна кампања

t

Во Париз денеска започнува судењето против поранешниот француски претседател Никола Саркози за наводно незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од страна на режимот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Саркози, кој ја предводеше Франција од 2007 до 2012 година, постојано ги негира овие обвиненија. На обвинителна клупа заедно со него се уште 12 лица, меѓу кои и поранешни министри. Обвиненијата вклучуваат незаконско финансирање на кампања, злоупотреба на јавни средства и поткуп, пренесува ДПА.

Ако биде прогласен за виновен, Саркози се соочува со казна затвор до 10 години и значителна парична казна. Судскиот процес треба да трае до 10 април.

Франција побара правна помош од 21 земја во рамки на обемната истрага за овој случај, која вклучува 73 судски записи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнува судењето против поранешниот француски претседател Саркози

Судењето против поранешниот француски претседател Никола Саркози,…

Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање…

Во Париз денеска започнува судењето против поранешниот…

Русите тврдат дека целосно го зазеле градот…

„За време на активните офанзивни операции, единиците…

Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот…

Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени…

Поради неисчистени патишта од страна на државното…