По аферата со прислушкувањето од Грци им се должи големо извинување на Груевски и тогашното раководство за целото шиканирање!
Им се должи едно големо извинување на поранешниот премиер Никола Груевски за шиканирањето лично на него и на ВМРО-ДПМНЕ, а треба да има и кривична одговорност за прислушкувањето кое нелегално го правеле грчки државјани, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
– Странска служба прислушкувала министри, државен врв, судии и никому ништо. Кога е прислушкувано не е важно, важно е дека е странска служба.
Ние треба таква ургула да направиме, поготово во НАТО, да се екстрадира тој Гркот што наредил да се прислушкува.
Треба итно да се почне постапка, затоа овие двајцата избегаа во Грција, сега се е јасно и еден политичар зошто пеш поминуваше преку граница, ама јас и тие што разбираме политика кога зборувавме народот беше заслепен од друго и не слушаше.
Ни викаат од странство не требало да прислушкува полиција, па што ѝ е работа на полиција освен да слуша, ако не слушаат тие ќе слушаат еве странци.
Од тоа прислучкување произлезе и промена на уставното име, Преспанскиот договор, прислушкувањето било за исполнување на геостратешки цели на нивната држава. Треба да се повлече обвинението, да се покрене ново обвинение за Космас Адам, Гркот за шпионажа. Лиценците на компанијата треба да бидат подитно одземени.
Сега треба да ни дојде памет дали такви клучни претпријатија се продаваат, па и на странци, вели Јакимовски кој додава дека се должи едно големо извинување кон поранешниот премиер Груевски и тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
СКАНДАЛ ВО ПОЛСКА: Пронајдени уреди за прислушкување…
Полската државна служба за заштита (СОП) заедно…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Украински медиуми: Пронајден уред за прислушкување во…
Уред за прислушување случајно бил пронајден во…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…