По ЕУ и Русија размислува за забрана на криптовалутите

t

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пишува рускиот весник Комерсант.

По последната седница, претставниците на Централната банка предложија воведување казни за оние кои ги прекршуваат овие правила и нагласија дека во наредниот период е неопходно да се развијат механизми за блокирање на активностите насочени кон купување или продавање криптовалути во замена за „вистинска“ валута.

„Предлагаме воведување забрана за издавање, трговија и размена на криптовалути на територијата на Руската Федерација и утврдување одговорност за прекршување на оваа забрана“, се наведува.

Во исто време, Централната банка на Русија сè уште нема дефинирано надлежен орган на кој ќе му се довери должноста да ги спроведе мерките од нацрт-законот.

“Банката на Русија постојано се спротивставува на употребата на криптовалути во земјата, бидејќи државата не стои зад нив. Во Русија, од 2021 година, законот им забранува на компаниите и поединците да користат дигитална валута за плаќање на стоки и услуги. Според Централниот Банка, обемот на Русите изнесуваше околу 5 милијарди долари годишно. Во исто време, обемот на инвестиции на руски правни лица во криптовалути беше речиси незначителен“, пренесува РИА.

Во извештајот на Централната банка на Русија се забележува дека Русија сега има повеќе од 11 отсто од светската компјутерска моќ што се користи за „рударење“ на биткоин. Во август 2021 година, Русија беше трета во светот според овој индикатор.

„Зголемувањето на обемот на производство на криптовалути, поради потрошувачката на електрична енергија, може да ги загрози другите компании“, посочуваат од Централната банка.

Пример за таква „пазарна аномалија“ е регионот Иркутск, кој има најниски тарифи за струја. Минатата година потрошувачката на електрична енергија во овој дел на Русија се зголеми за 1,6 пати.

Нагласено е и дека во текот на 2021 година овој регион бележи пораст на потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата за 62 отсто, што, според руските регулатори, директно се должи на „рударење“ на криптовалутите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…