По заканите од Русија, Литванија се правда: Не е блокиран Калининград, туку одредени стоки
Забраната за транзит кон Калининградската област на Русија преку територијата на Литванија не е насочена кон блокирање на регионот, туку е насочена против стоки кои потпаѓаат под санкциите на Европската унија, изјави денеска литванската премиерка Ингрида Шимоните.
„Нема блокада на Калининград. Од минатиот викенд едноставно воведовме санкции за некои стоки кои се опфатени со таканаречениот пакет санкции, како што се челикот и црните метали. За овие санкции биле информирани клиентите на железницата или договорната страна“, рече Шимоните.
Според литванскиот премиер продолжува транзитот на патници и транзитот на неовластена стока според договорите меѓу Европската унија, Литванија и Русија.
Исто така, како што наведе, Литванија покажала гест на добра волја и се воздржувала од раскинување на договорот за транзит на патници, кога Русија не можела да го плати поради санкциите воведени кон руските банки.
Литванските власти на 18 јуни објавија дека на тој ден ќе стапи на сила забраната за транзит на стоки под санкции на ЕУ преку нивна територија до руската енклава Калининград, а веста за забраната ја објави на видео гувернерот на регионот. Антон Аликанов, пренесува Тасс.
На списокот на санкции на ЕУ се јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија, а Аликанов рече дека забраната ќе опфати околу 50 отсто од артиклите што ги увезува Калининград.
Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Москва бара од Вилнус да ја укине забраната за железнички транзит на стока до енклавата Калининград на Балтичкото Море, во спротивно, како што наведоа, го задржува правото да возврати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека забраната воведена од Литванија за транзит на стока во руската област Калининград е без преседан и незаконска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…