По изјавата на Агелер за случајот со Вања, Спасовски го обвини системот, иако е дел од истиот 8 години

t

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат – системот мора да се консолидира во однос на истрагите, судењата и извршувањето на санкциите, вели министерот Спасовски по изјавата амбасадорката Агелер за убиството на Вања. Македонија ја чека екстрадицијата на Палевски. Согласно Европската спогодба нашата држава ќе мора да гарантира дека немаме смртна казна, вели за МТВ адвокатот Мехмет Чимен од Истанбулската адвокатска комора…

Откако американската амбасадорка во земјава Агелер, го критикуваше системот поради чија неказнивост цената ја плати Вања, министерот Спасовски се согласи посочувајќи дека често говорел токму за тоа, за сите кои ја пљачкале државата, го уништувале народот и биле главни во општеството без да носат одговорност. Додека МВР притвора другите ги ослободуваат додаде Спасовски. И тоа мора да се менува.

За вештачењето на оружјето од случајот тој упатува информации да се добиваат од Обвинителството. А Македонија ја чека екстрадиција на Палевски. Согласно Европската спогодба чии потписнички се двете земји нашата држава ќе мора да гарантира дека немаме смртна казна, дека екстрадираниот нема да биде осуден на ваква казна, ниту пак дека ќе биде извршена за да биде екстрадиран, вели за МТВ адвокатот Мехмет Чимен од Истанбулската адвокатска комора.

„Екстрадицијата на Палевски ќе се изврши според законот број 6706 и деталите кои произлегуваат од членовите помеѓу 10 и 21. Македонија треба да даде гаранција дека Палевски повторно ќе биде суден. Турција ќе ја разгледа гаранцијата за повторно судење и гаранцијата дека Палевски нема да биде осуден на смртна казна. По добивањето гаранции Турција ќе обезбеди екстрадиција“, изјави Мехмет Чимен.

Откако ќе се договорат за условите Македонија треба да се договори со Турција кога ќе го превземе Палевски.

„Се очекува дека Македонија ќе го почитува рокот за преземање на Палевски. Ако не го преземе Палевски на точно определениот датум со Турција, во Турција може да биде притворен најмногу 40 дена по што би бил ослободен“, заклучи Чимен.

Првоосомничениот Палевски за двократното убиство избега во Турција каде е притворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…