По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се стопира постапката за разрешување на Љупчо Коцевски, Советот на јавни обвинители денеска снема кворум

t

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се стопира постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, Советот на јавни обвинители денеска снема кворум за седницата на која точка на дневен ред требаше да биде разрешувањето на државниот обвинител.

Во салата на Советот воопшто не се појави никој од членовите, ниту претседателката, Душица Димитриеска, генералниот секретар на Советот само ги извести новинарите дека седница нема да има бидејќи немало кворум. Димитриеска на краток брифинг со новинарите кажа дека тројца од членовите утрово кажале дека нема да дојдат поради здравствени и семејни причини, но не кажа кои се тие членови.

Уверуваше дека нема никакви скриени игри, иако некои работи се поклопиле случајно. Седницата за разрешување на Коцевски беше закажана за на 18 март, но беше одложена за денеска поради големата трагедија во Кочани.

-Седницата закажана за ден 18.03.2025 година во 12 часот поради оправдани причини – седумдневна жалост прогласена со одлука на Владата на Република Северна Македонија, се одлага за ден 26.03.2025 година со почеток во 10:30 часот.Воедно, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство до семејствата на починатите во трагедијата која се случи во Кочани и им посакува брзо оздравување на повредените – се вели во соопштението на Советот.

Досега до Советот не стигнало ништо официјално за запирање на постапката за разрешување, а ова не било точка на дневен ред ниту на вчерашната владина седница.

Мицкоски вчера изјави дека владата ја стопира постапката за разрешување поради трагедијата за Кочани и рече дека му дава шанса на Коцевски.

-Во овој момент, имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството, планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат, посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа меѓу МВР и Јавното обвинителство што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај – изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека…

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека…

Судир во Подгорица меѓу „аудито “ на…

Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се…

Видевски: Го прашав зошто ја уби Вања,…

На претходното судско рочиште, обвинетиот Боре Видевски…

Кој е Мустафа Имери, првиот директор Албанец…

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…