По инцидентите во Македонија: БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ФАТЕНИ ВО ОРГИИ нема да учествуваат на мисија во Косово
Поради снимки на кои се гледа како британски војници имаат оргии, годинава е откажано распоредувањето на стотина падобранци во рамки на мисијата на НАТО на Балканот.
Новиот шеф на британската војска, генерал сер Патрик Сандерс им испратил писмо на генералите и командатите на НАТО, објаснувајќи им дека не сака да ја ризикува мисијата и репутацијата на војската со испраќање на војници кои учествувале во инцидентот, пренесува „Гардијан“.
Како што пренесуваат медиумите, осум припадници од 16 британска воздушно јуришна бригада се нашле под истрага откако биле снимени како имаат секс со жена, цивил, во касарната Мервил во Колчестер во источниот англиски округ Есекс, додека десетици други гледале.
На видеата се гледа како војниците имале секс со жени во различни делови од базата, а на една од снимките наводно се прикажани полуголи војници како се поздравуваат, додека еден од нив има интимни односи со црвенокоса жена, пренесува британски „Сан“.
Иако воената полиција утврдила дека нема елементи за кривично гонење, генералот Сандерс рече дека таа активност би можела да биде протолкувана како оцрнување на жените и дека е во спротивност со воените вредности и стандарди“, пренесе весникот „Тајмс“, кој имал увид во писмото на генералот Сандерс.
Весникот наведува дека жената најверојатно престојувала во касарната дури 31 пат за пет месеци. Истакнува и дека инцидентот следел по низа други случаи со лошо однесување за време на вежби во Македонија во мај, кога припадници од Третиот падобрански баталјон биле обвинети за непрофесионално однесување, за време на вежбите, заедно со војниците од другите едници.
Наместо на десетдневна воена вежба, НАТО во Босна и Херцеговина и на Косово и Метохија, од падобраните се бара да размислат за тоа каде не ги исполниле очекувањата од британската војска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…