Објавено на:

По ликвидацијата на Синвар, ЕУ гледа можност за крај на војната во Газа

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

„Синвар беше водач на терористичка организација, терористичката организација Хамас“, рече Фон дер Лајен на крајот од европскиот самит во Брисел.

„Без сомнение, неговата смрт значително ќе го ослаби Хамас“, додаде таа.

„Велика Британија нема да плаче“ поради смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој е „мозокот зад најсмртоносниот ден во еврејската историја по холокаустот“, изјави британскиот премиер Кир Стармер, реагирајќи на веста за смртта на лидерот на Хамас.

Стармер додаде дека неговите мисли се со семејствата на жртвите од нападот на 7 октомври.

Во соопштението, лидерот на британските лабуристи повторно повика на ослободување на сите заложници, итен прекин на огнот и зголемување на хуманитарната помош за Газа, за, како што рече, „сите да се движат кон постојан мир на Блискиот Исток“.

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека смртта на лидерот на Хамас претставува „можност“ што треба да се искористи за ставање крај на воените операции.

„Оваа можност треба да се искористи за да се овозможи ослободување на сите заложници и конечно да заврши војната“, рече Макрон на прес-конференција во Брисел.

Тој рече дека работи со израелските, арапските и американските партнери за да се постигне прекин на огнот во Газа и конечно да се отвори кредибилна политичка перспектива за Израелците и Палестинците.

Израелската армија вчера соопшти дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој важеше за изразен екстремист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По ликвидацијата на Синвар, ЕУ гледа можност…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Израелска стратегија во Газа – „предај се…

Последната инвазија на израелската војска во Џабалија…

Ахмети: Очајно е што Македонија денеска не…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…

Албанија ги отвора преговорите за членство во…

Албанија денеска го отвора првиот кластер од…

Новиот евроамбасадор: Тешко дека ќе се прифати…

Свесни сме за предлогот на Владата за…