По наредба на обвинител, полицијата собира докази за наводно местење на фудбалски натпревари

t

Утрово во Скопје по наредба на јавен обвинител, полицијата влегла во неколку објекти со цел собирање на докази.

„По наредба на јавен обвинител се одзема документација за предмет поврзан со наводно местење на натпревари во Македонија“, јавува ТВ21.

Од Министерството за внатрешни работи само кратко информирале дека „постапуваат по Наредба на ОЈО Скопје“.

Неофицијалните информации велат дека се „чешла“ спорна документација за одредени клубови, а истата била побарана и во Фудбалската федерација.

Неофицијално, во истрагата се опфатени клубовите Шкупи, Македонија ЃП, Воска, Академија Пандев (Брера), Силекс, како и второлигашите Победа, Арсими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…