По објавата на кандидатура за градоначалник, Ивановска добила кривична пријава
Независната кандидатка за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска, која ја објави кандидатурата вчера, добила кривична пријава и е повикана на разговор во Министерството за внатрешни работи, на 19. август.
„По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалник на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата.
Синоќа во 20:30 двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19. август.
Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со “Независи заедно“ е отпор против воспоставените анти-вредности на коруцпија и клиентелизам кои не доведоа до оваа ситуација.
Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот.
Јас навреме ќе Ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако адреса на информирање е и Обивнителството како е надлежна институција,“ пишува Ивановска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По објавата на кандидатура за градоначалник, Ивановска…
Независната кандидатка за градоначалник на Општина Центар,…
Трамп без поддршка од мнозинството Американци за…
Повеќе од половина возрасни Американци немаат доверба…
Антикорупционерката Цвета Ристовска која го водеше предметот…
Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување…
Мобилните царински тимови со 199 случаи на…
Трикратно е зголемен бројот на заплени од…
Академскиот пленум на Србија: Вучиќ поттикнува граѓански…
Академскиот пленум на Србија остро го осуди…