По откривање на гробниците во Изјум, Блинкен ја обвини Русија за воени злосторства
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки” дела, по откривањето стотици тела закопани во близина на украинскиот град Изјум, посочувајќи дека можеби станува збор за воени злосторства.
„Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во Украина. Можете да видите што оставаат зад себе”, рече пред новинарите шефот на американската дипломатија.
Украина денеска соопшти дека открила околу 440 гробови во Изјум, град североисточно од Харков, од каде неодамна беа протерани руските сили. Новинар на светска агенција соопшти дека најмалку едно од ексхумираните тела било со врзани раце.
Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека планира „наскоро” да испрати екипа за проверка на наводите на украинските власти за откривање на стотици гробници во градот Изјум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…