По повод Светскиот ден на свесноста на аутизмот, Арсовска во посета на центарот „Во мојот свет“
По повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја посети ликовната работилница во дневниот центар на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.
„Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорната терапија и третманот на деца со аутизам кои активно ги спроведува здружението „Во мојот свет“. Преку реализацијата на овие активности се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на дечињата со аутизам, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и создавање услови за нивна самостојност.

Градот Скопје континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата од аутистичен спектар и нивните семејства. Затоа на следната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката ќе предложи финансирање на проектирање и изградба на првиот центар за целодневна грижа, едукација и поддршка за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства“, велат од Град Скопје во соопштение испратено до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави…
МНР во комуникација со семејството на момчето…
Министерството за надворешни работи информира дека до…
(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…
Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…
Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…