По потекло е од Македонија: Почина поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис
Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, по потекло од Крушево, почина на 82-годишна возраст.
Тој беше 60-ти градоначалник на општината Солун, на функцијата од 1 јануари 2011 година до 31 август 2019 година, откако победи на два последователни општински избори, додека од 2018 година одлучи да не се кандидира на следните општински избори.
Неодамна Бутарис се соочи со здравствени проблеми.
Бутарис пред 11 години првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија и во разговор за сега згаснатиот весник „Вест“, тогаш рече дека неговите врски со Македонија се сентиментални, не само поради потеклото на мајка му и неговиот дедо по татко кои потекнуваат од Крушево, туку и поради многубројните пријатели.
Врските со семејството во Крушево со време се изгубени, но јас трипати бев да ги посетам. Ја видов и куќата на мојот дедо. Бев многу горд. Тоа се моите корени, рече тој.
Бутарис е син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирски: Украина се соочува со зголемени тешкотии…
Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал…
По потекло е од Македонија: Почина поранешниот…
Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, по…
Малолетник тешко повреден, во него удрил автомобил
На 08.11.2024 во 08.10 часот во СВР…
Биткоинот не запира – новата рекордна вредност…
Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд…
ВИДЕО: Сите зборуваат за новата песна на…
Некст тајм и Слаткаристика вчеравечер го промовираа…