По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато од бугарскиот КИЦ во Скопје

t

На барање на познатиот македонски сликар Илија Пенушлиски, неговото дело „Галичник“ е симнато од поставката во бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и вратено во колекцијата на Ликовната колонија „Галичник“, објави Телма телевизија.

Воедно, бугарскиот културен центар, на инсистирање на Пенушлиски, го избриша и неговото име, кое беше на излогот меѓу повеќето македонски и бугарски уметници кои се дел од изложбата „Заедно“.  

Македонските дела во оваа поставка се сопственост на Ликовната колонија „Галичник“, која брои над 500 дела од меѓународно признати уметници од целиот свет. Новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје беа отворени под силно полициско обезбедување во присуство на министрите за култура на двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…