По санкциите на Трамп, Путун испраќа својот специјален претставник во Вашингтон – утре се среќава со Виткоф
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, е во САД на состанок со претставници на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и специјалниот претставник Стив Виткоф, објавија медиумите денес.
Се очекува Дмитриев да се сретне со американски претставници за да „продолжи со дискусиите за односите меѓу САД и Русија“, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на информирани извори.
„Аксиос“ објави дека Дмитриев и Виткоф ќе се сретнат утре во Мајами. Претседателот Доналд Трамп воведе санкции врз две од најголемите руски нафтени компании претходно оваа недела во обид да го принуди Путин да ја заврши војната во Украина.
Трамп разговараше со Путин по телефон минатата недела и објави дека двајцата лидери наскоро ќе се сретнат, но состанокот беше одложен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По санкциите на Трамп, Путун испраќа својот…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин,…
Орбан: Мировниот самит во Будимпешта меѓу Путин…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Влен и ДУИ во коалиција: Заедно отидоа…
По првиот круг од локалните избори во…
Шокантни бројки: Македонците веќе се во ЕУ…
Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се огласи на…
Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари…
Jавно изразената поддршка на Билал Касами за…