По случувањата во Запорожје: Макрон е исклучително загрижен за нуклеарната безбедност
Францускиот претседател Емануел Макрон е исклучително загрижен поради ризикот за нуклеарната безбедност како последица на руската инвазија и наскоро се очекува да предложи конкретни мерки за обезбедување на пет украински нуклеарни локации, соопшти денеска Елисејската палата.
„Русија и Украина треба да постигнат сигурен договор врз основа на тие предлози, дадени според критериумите на Меѓународната агенција за атомска енергија за заедничко обезбедување на тие локации“, се додава во соопштението на француското претседателство.
Францускиот претседател „остро го осудува секое нарушување на интегритетот на цивилните нуклеарни постројки на Украина“ од страна на руските сили при извршувањето на нивната воена агресија врз Украина.
„Неопходно е да се гарантира нивната безбедност“, се додава во соопштението, во кое уште се посочува дека Русија треба да дозволи слободен, редовен и непречен пристап на персоналот кој работи во овие електрани, за да гарантира продолжување на нивната работа во целосна безбедност.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…
Северна Кореја тестираше ракета способна да ги…
Тестот на проектилот со долг дострел доаѓа…
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…