По текст на Инфомакс ДКСК оформи предмет за незаконското назначување на в.д директор на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод

t

Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет за именувањето на в.д директор на ЈЗУ Задравствен дом Македонски Брод, потврдија од ДКСК за Инфомакс.

– До Државната комисија за спречување на корупцијата, во месец август 2024 година, доставена е пријава  во врска со именувањето на ВД директор на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод

По пријавата е оформен предмет од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и постапувањето по истиот е во тек.

По утврдување на фактичката состојба во конкретниот случај, ќе биде донесена одлука на јавна седница, која ќе биде објавена на ВЕБ страницата на ДКСК. – велат од ДКСК.

Инфомакс претходно објави ексклузивни информации за незаконско назначување на Буде Мојсоски за вршител на должност директор на здравствениот дом со што е прекршен Законот за здравствена заштита.

Најпрво, условите за назначување на директор во здравствените домови низ Македонија е уреден со Законот за здравствена заштита, каде во членот 104 (Работоводен орган), став 2 (избор на директор) стои дека:

) За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
1) е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
4) има минимум пет години работно искуство и положен испит за директор согласно со овој закон;
5) понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа;
6) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

  • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
  • (7) има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Биографијата на в.д директорот кој го назначил Таравари не е достапна на веб-страницата на здравствениот дом, но е достапна на неговиот Фејсбук профил, е дека во животот немал никава врска со медицината и раководење на здравствена институција, освен што неговата сопруга е медицинска сестра и што е во роднински врски со пратеничката Бисера Златеска (што секако не го прави компетентен за директор на здравствен дом).

Мојсоски завршил правен факултет во Кичево, а на позицијата директор во здравствениот дом во Македонски Брод доаѓа од комуналното претпријатие во општината, каде бил вработен пред да стане в.д директор, за што и самиот се пофалил на нефовиот Фејсбук профил.

Најпрво, за вршител на должност директор може да се назначи САМО и ИСКЛУЧИВО лице кое е вработено во конкретната институција, во никој случај не може да се донесе надворешно лице на позиција вршител на должност. Тоа важи за најголемиот број на в.д директори кои ги назначи новата Влада и министрите кои имаат надлежност да назначат в.д директори како во случајов, бидејќи голем дел од нив не се вработени во институциите во кои се назначени за в.д директори. Епа не е ни господинот Мојсоски, кој меѓу другото не смеел да биде назначен за в.д директор на здравствена институција бидејќи ниту има завршено медицински факултет или факултет поврзан со здравство, ниту има искуство од пет години во оваа област.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, повеќе од месец дена не одговара на прашањето на Инфомакс во врска со назначувањето на Буде Мојсов за директор на здравствениот дом во Македонски Брод. Треба да се напомене дека во здравствениот дом има соодветни и компетентни кадри од кои Таравари можел да бира кого ќе го назначи за в.д директор, лица кои со години работат во институцијата и знаат како функционира, но коалициски договор очигледно е повисок правен акт од Устав и Закон во нашава северна државичка.

Детали прочитајте во текстот во продолжени:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…

Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

ДКСК примила претставка за директорката на АР…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

ДКСК се уште постапува по пријавите за…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…