По трагедијата бев во болница, ме викнаа да извршам увид на лице место, а денеска сум обвинет, вели градежниот инспектор Гоцев

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Бранител на Николчо Гоцев, Зоран Зафировски

Градежниот инспектор е самостоен во вршењето на инспекциски надзор, оваа законска одредба е појдовна и решавачка причина поради која ОЈО смета дека обвинетиот има вина. Оваа самостојност на функцијата е замсилена како функција со надлежност поголема од секој државен орган, да контролира градежни активности, спроведување на ДУП, да изрекува казни и слично.

Начелото на самостојност на секој инспектор значи дека инспекторот е самостоен но само во рамките на неговите овластувања и не смее да навлегува во надлежности на други инспекторати.

Потенцираме дека не е исполнет ниту еден услов за обвиентиот да постапува, нема промена на дејноста од станбен во деловен простор, туку само од деловен во деловен простор. Во периодот за кој се терети обвинетиот имало само една активност, се тргнале металните конструкции, што во никој случај не е реконструкција за обвинетиот да може да реагира. Ова ќе се утврди од изјави на вешти лица од Градежен факултет.

Инспекциски надзор се спроведува согласно месечниот план за работа на секој инспектор, во конткретниот случај неспорно е дека не постои ниту еден годишен и месечен план за да обвинетиот постапи.

Вонреден надзор се врши по службена должност или врз основа на иницијатива на физички, правни лица, градоначалник, министер… Без инспекторот да има псимен налог од раководни лица не е можно вршење на инспекциски надзор.

Неспорно е дека обвинетиот Николчо Гоцев во својство на службено лице никогаш нема добиено преставка, или налог од страна на негови надредени за контрола на дискотеката.

Надзор на дејноста над угостителските објекти врши ДПИ, од што произлегува дека наводите дека обвинетиот требал да врши таков надзор и тоа седум години пред да биде вработен таму, се целосно неиздржани.

Интенцијата на ОЈО Кочани е да прикаже дека градежните инспектори можеле да ја запрат работата на дискотеката, но истите не можеле да влијаат врз работата на дискотеката. Причината за тграгедијата не е нарушување на конструкцијата.

ОЈО Кочани нема никаква можност да докаже умисла за непостапување. Иако интенцијата на ОЈО Кочани е да ги обвини сите службени лица, сепак вработени во УЈП кои извршиле контрола во декември и можеле да ја запрат работата на дискотеката, а не постапиле, се теретат за други кривични дела, кои немаат врска со пожарот, наведе бранителот.

Обвинетиот се согласи со говорот на бранителот и додаде: Најтешка задача во животот е да бидеш овде пред родителите. Она што се случи во Пулс е трагедија која засекогаш ги промени нашите животи, јас бев во болницата од самиот почеток, со родителите, полцијата, војската, повредените, сите заедно во ист шок и болка. Ги носевме повредените и починатите во болницата, до доцна во ноќта помагав, ме знаат сите родители и начаници, тоа е момент што го носам во себе.

Околу 15 часот ми се јавија од ОЈО да извршам увид на лице место заедно со Градежен инспекторат, ОЈО, МВР… Тогаш никој не ме третираше како човек кој направил нешто погрешно, напротоив, како стручен човек. Во поплавите во Скопје бев да расчистувам, двата тешки пожари во Кочани исто така помагав, а денес сум обвинет за нешто што не сум го сторил и никогаш не бил во моја надлежност.

Од доказите кои ми ги дадоа сите потврдуваат дека причинско-последичната врска е дека пожарот избувнал од пиротехниката, а тоа е единствената причинско-последична врска која има правна тежина. Оваа трагедија не е градежна, градежниот инспектор не контролира внатрешно уредување и дејност, не контролира пиротехника ниту безбедност од пожар. Оваа дискотека работи седум години пред моето вработување, кога е издадена лиценца не сум постоел во системот, не сум имал пристап кон документи.

Од моето вработување до денес имав многу проблеми, јас сум онколошки пациент, кога се правеле врнатешни промени во 2024 година јас бев на боледување, Општината имаше надворешно лице ангажирано и тоа лице работеше дури и за викенд.

За објектот ПУЛС, ниту имаше пријава, ниту сомневање или законска основа за да излеам на инспекциски надзор, законот не дозволува да влезете во објект без пријава, или налог.

Во сите овие години додека сум бил вработен немало ниту иницијатива, пријава, ниту еден наод или известување од МВР, ДЗС, ДПИ, УЈП, ОЈО кои биле запознаени со ова. Ако сум влегол без налог во објектот ќе одговарав кривично.

Треба ли цела држава да биде обвинета за верижно делување, дека ниту една институција во државата не фунцкионира?

Не е моја цел да обвинувам никого, но лесно е да се создаде приказна, тешко е да се носи вистината, а вистината е дека јас немав надлежност и законска основа да постапувам. Пред некое време поднесов кривична пријава до ОЈО Кочани за исто така огромен објект на познат ланец на објекти, во стариот монопол во Кочани, кој е пред нивната зграда, објект со сериозен ризик ама тие ја одбија мојата крвична пријава. Ја одбија кривичната за објект пред нивниот нос, а јас сум требал да влезам во ПУЛС беа налог или пријава.

Правото мора да биде еднакво за сите, во текот на испрашувањата кога доаѓаа инспектори од кочани, од мвр, цело време велеа мора да има некој виновен во општината. Не зборуваа за докази, туку за потреба да ја понесе некој тежината на јавниот гнев.

Во оваа терагедија нема ништо лесно и едноставно, ништо нема да ги врати младите животи.

Моето срце е со семејствата кои ги изгубија своите деца, ако можев да го вратам времето, ако имаше еден процент начин би го направил без двоумење, ама не можам да бидам виновен за нешто што не е моја надлежност и не сум имал законска можност да го спречам.

Имав и имам човечка болка, тука сум да помогнам за трагедијава ниогаш повеќе да не се повтори, да побарам фер третман кој одговара на законот. Ве молам само погледнете ги доказите, законот и вистината, верувам во правдата и верувам дека овој суд ќе ја види разликата меѓу виновник и жртва на системска слабост.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По трагедијата бев во болница, ме викнаа…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

„Не може овластен градежен инспектор со неизвршен…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Продолжи судењето за „Пулс“ – Обвинетиот Георгиев…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“…

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето…

Апасиев до Гаши: Со месеци во фиока…

На денешната седница на Собранието, пратеникот и…