Објавено на:

По третата доза вакцина: Канадскиот премиер Трудо позитивен на Kовид-19

t

Канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека е позитивен на тестот на коронавирус, една недела откако отиде во изолација зашто едно од неговите деца го фатило вирусот.

Тој денеска на Твитер напиша дека се чувствува добро и оти работи од дома додека е во карантин.

Трудо, кој претходно овој месец ја прими третата доза од вакцината против коронавирусот, се очекува да учествува на отворањето на парламентот во текот на денот преку видеолинк. Парламентот не работеше поради зимскиот одмор.

Канадскиот премиер, кој ги повикува луѓето да се вакцинираат против вирусот, е четврти лидер од Г7 кој е тестиран позитивен на болеста. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп фати ковид-19 додека беше на функција во 2020 година. Британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон исто така прележаа во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Чарлс Трети во посета на Канада во…

Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга…

Трамп ќе учествува на самитот на Г7…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на…

Канадскиот премиер во вторник ќе се сретне…

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…

Либералите на премиерот Карни победија на изборите…

Либералната партија на премиерот Марк Карни е…