По ударот, аутистичното момче ја одби поканата на Роналдо: Никогаш повеќе не сакам да го видам
Кристијано Роналдо направи голем скандал по мечот против Евертон. По поразот, Португалецот се изнервира и удри еден навивач.
Роналдо на детето со аутизам му го скрши телефонот и му ја повреди раката, по што мајката го обвини Португалецот и го нападна преку социјалните мрежи.
Фудбалерот јавно се извини, но јавноста беше бесна по овој негов потег. Освен извинување, тој прати и покана до момчето да му биде специјален гостин на следниот меч на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Сепак, момчето ја одби поканата.
Мајката Сара Кели раскажа:
„Го прашав: Дали сакаш да одиш? Роналдо рече дека можеме да дојдеме на Олд Трафорд? Тој одговори: Не, мамо, никогаш повеќе не сакам да го видам“, откри Кели.
„Вознемирувачко е, бидејќи Роналдо беше една од причините поради кои сакаше да оди на фудбалските натпревари“, додаде мајката на несреќното момче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…
Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…
(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…
Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…
УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…
Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…
Претепано момче од 22 години поради долг
Во парк шумата Гази Баба, вчера по…
Тринаесет годишно момче го погодило гром на…
Тринаесетгодишно момче за малку ќе загинело од…