Објавено на:

По четири година битка со безмилосната болест, на само 22 години почина девојката која го обедини Балканот

t

По долга борба со тешка болест, почина Катарина Тривиќ (22) од Бања Лука, јавуваат регионалните медиуми. Катарина имаше само 18 години кога дозна дека боледува од акутна миелоидна леукемија и често кажуваше дека сака да живее.

Оваа млада девојка секојдневно храбро се бореше да го врати животот што го имала пред подмолната болест, пренесува Српскаинфо.

Животот на Катарина многу се променил од почетокот на терапијата, а со текот на времето и самата научила да ја прифати својата болест и да верува дека ќе се излечи.

Иако тогаш ја победи оваа злобна болест, на 21-годишна возраст дознала дека безмилосната болест се вратила. За време на лекувањето, Катарина имаше голема поддршка од семејството и пријателите.

Таа беше активна на социјалните мрежи и ја покажа својата страна од борбата со болеста, се со цел да им помогне на сите кои минуваат низ нешто слично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајски снег го прекри Балканот

Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…

(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…

Првите неколку месеци од оваа година на…

Во сообраќајка во Србија загинаа татко и…

Во сообраќајна несреќа што се случи ноќта…

Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…

По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…

Првите општини во Бугарија воведуваат двојни валутни…

Општинските совети во Козлодуј и Криводол станаа…