По 12 дена прекин: Од утре нормализирање на железничкиот сообраќај

t

Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 06 часот и патниот сообраќај.

Синдикатот вчера имал средба со раководството на претпријатието на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Железници на РМ Транспорт траеше 12 дена, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нуклеарните капацитети на Иран не се целосно…

Техеран би можел да продолжи со збогатувањето…

Вреди: Остануваме цврсто во одбрана на албанската…

„Дури и по одлуката на Уставниот суд…

(Видео) Српски твитерџија низ солзи: Отру со…

Протестот „Се гледаме на Видовдан“ се одржа…

Километарски колони за влез во Грција

Колони возила од утрово со часови чекаат…