По 14 дена борба, дождот денес го изгаси пожарот на Галичица
Дождот денеска го изгасна големиот шумски пожар на Галичица, кој во изминатите 14 дена беснееше и во строго заштитената зона на националниот парк и неповратно уништи над 6500 хектари површина, од кои 40 проценти шума.
Екипите остануваат на терен да ја контролираат состојбата со оваа огнена стихија. Од ЦУК соопштија дека очекуваат дождот да помогне и за гаснење на пожарот во ловиштето Јасен кој е активен речиси еден месец и пустоши борова шума
-Првата добра вест е тоа што пожарот на Галичица е целосно изгаснат, а конечниот удар му го зададе дождот коЈ што заврна во оваа област. Пожарот кој повеќе од 25 дена гори во ловиштето Јасен и се движи кон село Белице, иако не е изгаснат, е со многу мал обем, се надеваме дека во попладневните часови и таму ќе заврне и целосно ќе биде изгаснат овој пожар, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Од вкупно 25 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, 10 се активни.
Сѐ уште гори Стогово, пожар кој деновиве предизвика вознемиреност кај месното население и туристите во мијачкото село Гари, но кракот кон ова село е изгаснат.
Пожар има во Долнени кај село Зрзе, а гори и кај кичевското село Цер, каде се засилени екипите за справување со огнената стихија.
Нов пожар попладнево избувна на Плачковица каде е упатен ер трактор на ДЗС, а пожар избувна и во општина Илинден, во близина на Окта, каде интервенира Скопската противпожарна бригада.
Реактивиран е и пожарот во Пробиштип, кај село Неокази.
-Во текот на август оваа година на територијата на државата имаме 667 пожари на отворен простор, меѓу кои што 98 шумски пожари, од кои што повеќето се претворија во големи шумски пожари, тешки за гаснење, пожари кои што ги исцрпуваат нашите ресурси, и човечки но и материјално технички, вели Ангелов
Според информациите на ЦУК под контрола се 9 пожари на отворено. Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни, а доколку забележат сомнителни случаи или подметнувачи на пожари , да се охрабрат и да пријават во надлежните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 14 дена борба, дождот денес го…
Дождот денеска го изгасна големиот шумски пожар…
Гром уби жена на Шар Планина
Жена на 64-годишна возраст денеска загина откако…
(Фото) Со службено возило зема невеста од…
Да не го смислите спикерот Гаши, убаво…
Ангелов: Пожарот на Галичица е изгаснат со…
Денес директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави…
ДРЖАВАТА НЕ НИ Е ПОДАРЕНА, ТУКУ ИЗВОЈУВАНА…
„Овој празник е потсетување дека нас никој…