Објавено на:

По 15 месеци војна , конечно прекина огнот во Газа

t

Прекинот на огнот во Газа договорен помеѓу Израел и Хамас стапи на сила во 10.15 часот по локално време, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Прекинот на огнот требаше да стапи на сила во 7.30 часот, но израелската влада го одложи сѐ додека од Хамас не ги доби имињата на тројцата заложници што ќе бидат ослободени во текот на денот.

Во првата фаза од договорот за прекин на огнот по 15-месечната војна, во рок од шест недели Хамас треба да ослободи вкупно 33 израелски заложници – малолетници, жени и лица на возраст над 50 години, а Израел во исто време треба да пушти на слобода речиси од 2.000 Палестинци од затворите.

Од Палестинците што треба да бидат ослободени, 737 се малолетници или жени. На списокот има и стотици жители од Газа што биле приведени во изминатите 15 месеци.

Во исто време, израелските копнени сили во Газа треба да се повлечат источно од населените места и да овозможат пристап на хуманитарни конвои во регионот, како и враќање на раселените лица во своите домови во северните делови на регионот.

Во втората фаза од договорот за прекин на огнот, Хамас треба да ги ослободи преостанатите заложници, веројатно околу 60, а во третата фаза би се воделе преговори за иднината на Газа и администрирањето, без Хамас. Израелските сили би се повлекле од сите населени места, но би се задржале во тампон-зона покрај границата, за да можат итно да реагираат „ако израелските власти оценат дека има закани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел формира директорат за раселување на Палестинците…

Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…

Нетанјаху разговарал со Рубин за продолжување на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал…

Израел го нападна Либан

Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…

Израел ја прекина струјата во Газа

Израел објави дека ја прекинува струјата во…

Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…