По 150.000 денари првична помош за секое семејство погодено од трагедијата во Кочани

t

Секое семејство погодено од трагедијата во Кочани првично ќе добие по 150.000 денари за покривање на тековните трошоци, информира Марија Митева портпаролка на Владата. Од Владата апелираат граѓаните кои сакаат да донираат средства за семејствата и за пациентите тоа да го прават само преку официјалната сметка на Црвениот крст за да се избегне каква било можност од злоупотреба на личните податоци  и да им се наштети на семејства.

-Владата замоли да не се шпекулира со информации дека на семејствата и на пациентите им треба финансиска поддршка за лекување. Тоа не е вистина. На сите пациенти лекувањето им е, и ќе им биде обезбеден од државата. Во овој момент грижа од таков аспект на сите семејства не им е потребна. Во делот на транспорт и сместување  и тоа е обврска и грижа на Владата. Згрижени се 180 лица од семејствата на лицата коишто се хоспитализирани во странство. Бевме информирани од Црвениот крст дека се прави и формално-правно усогласување и проценка преку која на сите семејства погодени од ужасната трагедија ќе им биде дадена финансиска поддршка, за почеток по 150.000 денари на секое семејство и истите середства ќе им бидат за покривање на тековни и дневни најитни трошоци. Ова не е еднократна помош. – рече Митева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…

„Скандалозно е ова што го прави власта.…

Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…

Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…

Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…

24 лица се во притвор, 30-тина се…