Објавено на:

Поpанешен aгент на ЦИА оcуден на 30 години затвоp за малтpетиpање на речиси 30 жени

t

Поранешниот агент на ЦИА, Брајан Џефри Рејмонд (48), кој дрогирал, фотографирал и сексуално злоставувал речиси 30 жени ширум светот, е осуден на 30 години затвор.

Брајан Џефри Рејмонд, поранешен практикант во Белата куќа, ги намамил жените што ги запознал на апликациите за запознавање, вклучувајќи го и Тиндер, во неговиот стан изнајмен од владата и ги дрогирал додека служел вино и грицки.

Потоа поминал часови позирајќи со голи и онесвестени жртви пред да ги фотографира и нападне.

Откриено е дека има галерија со повеќе од 500 фотографии од жртвите. Обвинителите рекоа дека Рејмонд ги започнал своите напади во 2006 година и нашол жртви во Мексико, Перу и други земји.

„Можеме со сигурност да кажеме дека тој е сексуален предатор“, рече американскиот судија Колин Колар-Котли, изрекувајќи ја целосната казна што ја побараа обвинителите во Вашингтон.

Како дел од казната, судијата исто така му нареди на обвинетиот да плати по 10.000 долари на секоја од неговите 28 жртви.

На суд, околу 12 од жртвите на Рејмонд, кои беа идентификувани само со бројки, се потсетија како биле „измамени од шпион кој бил дел од агенцијата која требало да го заштити светот од злото“.

Една жртва рече дека Рејмонд изгледал како „совршен господин“ кога се сретнале во Мексико во 2020 година, потсетувајќи само дека се бакнувале. Откако се онесвестила, Рејмонд без нејзино знаење снимил 35 видеа од нејзините гради и гениталии.

Друга рече дека доживеала нервен слом, а трета рече дека имала кошмари откако видела фотографии на кои изгледа како труп на неговиот кревет.

Рејмонд му рекол на судијата дека со часови размислувал за сè што направил: „Знам дека никогаш нема да биде доволно извинување. Нема зборови да опишам колку ми е жал. Тоа не сум јас, а сепак станав“. рече тој.

Неговите адвокати побараа полесна казна, обвинувајќи ја неговата работа со ЦИА по 11 септември.

Тоа, велат адвокатите, било плодна почва за емоционалната нечувствителност и „објектификацијата на другите луѓе“ што го навело да ги демне жените со години.

Агенцијата јавно ги осуди злосторствата на Рејмонд, кои се сметаат за еден од најеклатантните случаи на недолично однесување во историјата на ЦИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс денеска ќе…

Високи американски функционери, вклучително и директорот на…

Поранешниот шеф на БИА откри детали од…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска реагираше на…

Поpанешен aгент на ЦИА оcуден на 30…

Поранешниот агент на ЦИА, Брајан Џефри Рејмонд…

Шефот на ЦИА: Не треба да се…

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Шефот на ЦИА: Постоеше реален ризик дека…

Барнс рече дека ненадејното повлекување во североисточна…