Прават нова поделба во македонското ткиво: Торбешите бараат да бидат внесени во Уставот, побројни се од Бугарите

t

Партија за европска иднина бара во нацрт-амандманот за промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија да се внесе уставна категорија „Торбеши“ односно „торбешки народ“. Партијата смета дека торбешката популација во Република Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики, заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми.

„Со досегашното невклучување на оваа популација во Преамбулата на Уставот е направена неправда спрема голем број од населението, кое по бројност е на трето место во земјата. Сметаме дека со внесување на Торбешите во преамбулата на Уставот, ќе се исправи оваа голема исправаа направена кон оваа голема популација и ќе се создадат и претпоставки за интегрална Република Македонија, која е единствена наша држава. Демократијата и основните човекови права можат да бидат ставени на хартија и во пракса да ги нема, но никогаш нема да ги има во пракса ако не бидат запишани на хартија“ – се вели во соопштението на ПЕИ, чиј претседател е Фиат Цановски, бизнисмен од Струга.

Во ова свое барање, испратено и до повеќе надлежни државни институции, ПЕИ се повикува на уставно загарантираните норми во македонскиот Устав, како и меѓународните документи, кои Република Македонија ги потпишала, а некои и ги ратификувала, како што се Повелбата на Обединетите Нации, Општата декларација за правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, Меѓународната конвенција за укинување на сите облици на расна дискриминација, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, Европската повелба за регионални и малцински јазици и други.

„Тргнувајќи од дефиницијата за малцинство прифатена од меѓународните институции, торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, со сите права и обврски што произлегуваат од важечките релевантни правно-политички акти, вклучително и важечките акти во Република Македонија. Торбешката популација во Република Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики, заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми“ – се вели во барањето на ПЕИ.

Барањето на партијата на Цаноски доаѓа во момент кога е актуелен условот од Преговарачката рамка за преговорите на Македонија со ЕУ, според кој втората, односно првата „вистинска“ меѓувладина конференција, на која ќе се отвори првиот кластер на преговорите, ќе се одржи откако Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот, како една од етничките заедници, кои засега се водат под категоријата „други“. Освен Бугарите, според најавите од официјално Скопје, во таа прилика во Уставот би нашле место и Хрватите и Црногорците.

Пописот на населението покажа дека во Македонија 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари според етничката припадност. Од нив, 1.519 напишале дека мајчин јазик им е бугарскиот, а останатите како мајчин го навеле македонскиот. Како Хрвати се попишале 2.145 граѓани, а како Црногорци 1.023. Како Египќани се изјасниле 2.406 граѓани, кои исто така бараат да бидат наведени во македонскиот Устав.

Можеби ќе ве интересира
Мора ли сѐ на нож, мајку му стара?!

Бранко Героски 27/07/2022
ИТАР МАНЕВАР, СОВРШЕН ТРИК ИЛИ ТРОЈАНСКИ КОЊ Што би добила…

Мартин Богатиноски 21/07/2022
Како Торбеши се изјасниле 4.174 македонски граѓани. Од нив мажи се 2.064, жени се 2.110. Бројот на Торбешите изнесува 0,23 отсто од вкупното население. Истовремено, како Македонци – муслимани се изјасниле 455 граѓани. Од друга страна, 1.187 граѓани според етничка припадност се изјасниле само како Муслимани. Како Горанци (или Горани) се изјасниле 148 граѓани. Гораните се етничка група, која живее во областа Гора, од која дел е во Косово, дел во Албанија и сосема мал дел во Македонија. Главно Горанците се со исламската вероисповест и говорат на горански дијалект. Се поставува прашањето дали сите овие посебни етнички групи треба да бидат навесени во Уставот како засебни, како што се на пописот.

Внесувањето на Торбешите во Уставот како можност го најави и поранешниот премиер Зоран Заев во март 2021 година, што тогаш наиде на остри реакции од Сојузот на Македонците со исламска религија. Според нив, изразот „Торбеш“ не е ништо друго освен навредлив израз за Македонците со исламска вероисповест.

– Срамно е да кажете за нас Македонците муслимани дека сме „торбеши“. Тоа не е етничка припадност, туку само провокација и навреда. Македонците со исламска религија се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ, како и Македонците христијани. Муслимани сме пред Бога, а Македонци сме во душа и затоа сме огорчени од манипулациите на Зоран Заев со етногенезата на Македонците со исламска религија. Единственото по кое ние се разликуваме од Македонците е верата, но дали тоа во 21 век треба нас да нè двои од македонското национално ткиво, да нè турка во бездна или во други води? Каде сте слушнале за „торбешки јазик“? Тоа е македонски јазик, кој се негува преку обичаи, фолклор, јазик и култура – реагираше тогаш Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

Според научната класификација, „Торбеш“ е претежно егзоним, термин што за една група го користат припадници на другите народи, без разлика дали со навредлива конотација или не.

Партијата ПЕИ на Фијат Цановски не смета дека „Торбеш“ е навредлив израз.

„Торбешката популација во Република Македонија, врз основа фактичката состојба поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самиот себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори, не претрпел дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши, било да се третирани како такви одвнатре од самите нив или однадвор од другите околу нив. Торбешката популација, без оглед како е нарекувана во определени амбиенти, останала таква каква што е, Торбешка“ – се вели во барањето од ПЕИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…