Објавено на:

„Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“, транспарент во Дебар

t

Транспарент „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“, поставен е во строгиот центар на Дебар, во непосредна близина на седиштето на разгранокот на Демократска унија за интеграција.

На транспарент напишаното е на албански и македонски јазик, како дел од герила акција на матичната партија на поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши кој е осомничен по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за издадената дозвола за работа на истата.

Објавувајќи фотографија од поставениот транспарент претседателот на разгранокот на ДУИ, Артин Спахиу, напиша „Дебар бара ПРАВДА“, додавајќи дека „Дебар останува печат на секоја национална активност“.

-Дебар е секогаш тука кога е значајно, кога е во прашање достоинството, нацијата, праведноста. Дебар останува печат на секоја национална активност. Кога владата насилно ги отстрани транспарентите, надевајќи се дека ќе нè исплаши, Дебар ја прекина тишината и стана да им каже отворено што го кажуваме секој ден: Ние станавме, напиша меѓу другото Спахиу на објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…