Празник во Аеродром, доаѓа Партизан: Навивачите на двата тима во посебни сектори и под посебна контрола
Без разлика на непријатностите околу промената на терминот на одигрување, продолжуваат подготовките за дуелот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Партизан, закажан за следниот понеделник (10 октомври) во 16 часот, за кој од денеска се пуштени билетите во продажба и тоа поделени во три различни категории по цена од 500, 400 и 300 денари.
Согласно безбедносните насоки од МВР, а според Законот за спречување насилство на спортските терени (ЗСНСТ), за навивачите, симпатизерите и за сите останати кои сакаат средбата да ја следат со обележја, знамиња или да навиваат за Партизан е обезбеден посебен дел во салата „Јане Сандански“. Станува збор за Блоковите 2,3,4,5 и А2, кои ќе се продаваат по цена од 500 денари, а кои црно-белите фанови ЗАДОЛЖИТЕЛНО ќе мора да ги поседуваат. Во спротивно, ако бидат забележани на друго место во салата, веднаш ќе бидат отстранети од спортскиот објект.
Oд таборот на македонскиот шампион упатија апел за фер и спортско навивање.
Билетите ќе може да се купат во сите продажни места на „МКТикетс“ во Скопје и низ државата, како и преку интернет на следниот линк, како и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“ од утре до натпреварот во понеделник во периодот помеѓу 10 и 18 часот.
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:
Блокови 2,3,4,5 и А2 – по 500 денари
Блок А3 и А6 – по 400 денари
Блокови 6,7,8,9,10,11,14 и 15 – по 300 денари
Блокови 1, 16 и А1 засега да не се продаваат.
НАПОМЕНА: Сите навивачи и симпатизери на Партизан кои планираат да се појават со клупски обележја, знамиња или само да навиваат за црно-белите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да купат билети од блоковите 2,3,4,5 и А2. Ако бидат забележани на друго место во салата ќе бидат отстранети од трибините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…