Пратеник со плата од 116.000 против синдикалец со плата од 60.000 денари
ВМРО ДПМНЕ и денеска го нападна раководството на Сојузот на синдикати на Македонија. Обвинија дека раководството има големи плати, а некои членови и дека имаат други приходи кои доаѓаат од активности кои не се поврзани со работењето во ССМ.
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ кој има плата од 116.000 денари и тоа без патни трошоци и други дневници, а кои следуваат според Закон и се буџетски, народни пари, наведе дека податоците за приходите на раководството на ССМ им ги дал свиркач од синдикатот.
Инаку, Синдикатот има над 75 илјади членови, не е буџетска институција и се финансира пред се од членарина.
„Според свиркачите од ССМ кои се разочарани од актуелното раководство Трендафилов и луѓето околу него го претвориле Синдикатот во приватна фирма. Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции, по ноти на Ес – Де – Ес кои што и ги поставија на нелегитимен начин. Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколкупати поголеми од тоа, од синдикатот“, вели Бране Петрушевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…