Пратениците да мислат на европската иднина на државата, велат Шаленберг, Влаховски и Липавски

t

Интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислуваат за европската иднина на државата. Колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо Македонија ќе стигне до ЕУ, додека предвремени избори ќе бидат контрапродуктивни.

Ова го порачаа на денешната заедничка прес-конференција министрите за надворешни работи на на Австрија, на Чешка и на Словачка.

Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, денешната посета ја оцени како важна, посочувајќи дека имале успешни состаноци со целиот политички спектар во земјава, во Собранието и во Владата.

– Со сите коишто разговаравме, со сите коишто имаат политичка одговорност се сретнавме и тие покажаа дека се проевропски, дека сакаат да ја одржат земјата на патот за целосно членство во ЕУ. Имаме чувство дека сите се свесни за одговорноста дека ова е моментот, ова е посебен момент во развојот на патот кон ЕУ, изјави Шаленберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

Собранието утре избира нов министер за здравство

Собранието утре во рамки на 54. седница…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…