Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Велес наплатиле 309.143 денари за патни трошоци

t

На пратениците Коциќ и Здравковски за 8 месеци им се исплатени 309.143 денари за патни трошоци, велат од локалниот огранок на Левица во Ресен.

– Борбата за позиција во законодавниот дом на избраниците од народот е важна единствено за да се обезбедат средства без малку респект и соочување со проблемите на народот.

Лесно стекнатите привилегии кои функцијата ги носи е многу тешко да се откажат, со оглед на досегашната практикувана вештина на празнење на буџетските средства по основ на патни трошоци.

Велешките пратеници Ненад Коциќ и Игор Здравковски не се исклучок од таа пракса и на име на патни трошоци за месеците од јануари до август 2022 година, од буџетот имаат искеширано 309.143денари(Коциќ 158.917 , Здравковски 150.226), со што е очигледна нивната “загриженост ” за ударот од кризата врз стандардот на народот и заедно учествуваат во имплементирање на мерки кои предвидуваат кратење од студенти, земјоделци и останати категории кои не вклучуваат функционери.

Единствено пратениците на Левица како досегашната пракса останаа доследни на своите принципи и ветувања и како анти-естаблишмент партија искешираа точно нула денари за патни трошоци.

Додека на избраниците од народот од редот на СДС и ДУИ единствено откажување од патните трошоци е само на хартија како ветување уште од 2017 год, а кога требаше да се крене рака и да се даде поддршка за укинување на патни трошоци по предлог на Левица, тогаш сложно си ги држеа рацете спуштени долу, со што нивната сплотеност за осигурување на своите дополнителни приходи останува врвен приоритет.

Економско – енергетска криза и мерки за штедење само по грбот и буџетот на народот, напишаа од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода маж од велешко поради…

На 07.08.2024 во 12 часот во Велес,…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…