Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен да влезе во Буџетските планови

t

Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен да влезе во Буџетските планови, вели пратеникот Амар Мециновиќ од Левица.

– Пред некое време, искрено, по мое видување, премиерот кажа зборови што треба да значат злато доколку би биле вистинити, а тоа е дека ‘Македонија треба да стане извозник на енергенси доколку нивните планови се остварат’. Ние сме многу скептични за таква реалност, тоа што сега го имаме како прилика е дека Македонија е една од НАЈЗАВИСНИТЕ енергетски земји.

Ние ја поддржуваме таа иницијатива да станеме енергетски независни и оттука произлегува потребата да поднесеме еден ваков амандман. Сметаме дека, ние како опозиција треба да поставиме барем некои временски рамки кои би требало да ги исполниме доколку навистина сакаме нешто вакво да се случи.

Основата на која беше поставен аргументот на премиерот е дека капацитетите енергетски кои ќе ги градиме, ќе ги градиме со задолжувања од британскиот кредит. Тоа е страшно опасно. Прво затоа што се задолжуваме на начин што не вовлекува во должничко ропство. Второ, доколку тие капацитети не се во државна сопственост ништо не сме направиле, напротив сме ископале уште поголема дупка сама за себе.

Доколку навистина ви се плановите да се гради ова, ајде да покажеме дека сте спремни и да го внесеме како ставка во Буџетот и да почнеме да се движиме во вистинска насока.“ – вели Мециновиќ.

ВИДЕО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен…

Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен…

Нови амбулантни возила и изградба на Центар…

Пратеничката група на Левица поднесе амандмани на…

Стефковски ќе протестира сам против своето неработење,…

Стефковски ќе протестира сам против своето неработење,…

Левица: Мицкоски е отсечен од реалноста, младите…

Последната изјава на премиерот Мицковски дека размислувал…

Левица: Гаши уценет од ВМРО-ДПМНЕ илегално ја…

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…