Пратениците од српската опозиција го блокираа автопатот Нови Сад-Белград
Пратениците и советниците од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.
„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите. Го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Икс.
Тие развирија транспарент на кој пишуваше „Исполнете ги барањата“.
По блокирањето на автопатот, пратениците и советниците на Нови Сад со своите автомобили, возејќи 20 километри на час, тргнаа кон пазарот Футошка. Зад нив стојат голем број полициски „марици“.
Тепиќ за Н1 изјави дека полицијата ги запрела и им дала легитимација и не ги пуштила понатаму. Рекоа и дека ќе напишат прекршочни пријави за паркирање на автопат.
Сепак, вели, не ги пуштаат, туку ги држат на страна на патот. Има многу полиција, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…