Пратениците побрзо да ги изгласаат уставните измени, луѓето се нетрпеливи, порача Рот на прес-конференција со Османи
Германскиот пратеник Михаел Рот на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги повика пратениците во македонското Собрание да гласаат за уставните измени набрзо за земјата да го продолжи својот пат кон Европската унија. Рот кажа дека тоа не е само наш интерес, туку интерес и на ЕУ.
-Сега имаме предлог што е на маса и што мора да се примени, не за овде да се подобри ситуацијата на малцинствата, туку да се постигне пробив за Македонија на патот во правец на Европската унија. И мораме темпото да го забрзаме. Луѓето во оваа земја се нетрпеливи, но тоа не е само во ваш интерес, тоа е и во наш интерес. Не можеме да си дозволиме и во друг регион да има нестабилност. Сега е потребна јасна определба за држење заедно и за европеизација во Западен Балкан. Затоа мојата порака е многу јасна, рече германскиот пратеник.
Според Рот, едно прашање е важно, а тоа е како можеме да придонесеме за блокадите да се надминат и конечно да зборуваме за она што им е најважно на луѓето во земјата: демократијата, борбата против корупцијата, владеење на правото, благосостојба, слобода, помирување…
-И затоа ве молам мои колеги и колешки тука во Собранието дадете го својот придонес за неопходната уставна примена не кога било, туку во брзо и по можност да добие двотретинско мнозинство и потоа повторно може да се карате за ова или за она и да разговарате, истакна Рот.
Се надевам, кажа тој, дека нашите сигнали за солидарност и за држење заедно навистина ќе бидат разбрани од сите за да може навистина во центарот на нашата работа да дојдат работите кои се важни, а тоа се уставните промени.
-Никој во Брисел, никој во Софија, никој во Берлин, никој во Париз нема право да одлучува за вашиот идентитет, култура и традиција. Тоа го одлучуваат луѓето во вашата земја сосема сами. Северна Македонија е пример за мултиетницизам, каде вашиот министер прво зборува на македонски, па на албански јазик. Тоа за вас е нешто што се подразбира, рече Рот.
За планот со шест точки што го презентираше во Собранието, рече дека не знае дали тој ќе биде прифатлив за другите земји, но рече дека неговата Влада е за повеќе можности и да се тргнеме од политиката на едногласност.
Рот зборуваше и за Украина посочувајќи дека во време на војна држењето заедно е најважното.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција потенцира дека не треба да заборавиме дека уставните измени ќе доведат до отворање на третото и четвртото поглавје.
Германскиот пратеник денеска учествуваше на конференција во Собранието и имаше средби со пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…