Пратеничка во Бундестагот: Германија стана борделот на Европа
Пратеничката на парламентарната група демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) во германскиот Бундестаг Дороти Бар повика на забрана за купувањето сексуални услуги во таа земја.
Таа на овој начин сака да им помогне на илјадници жени, да ги заштити од насилство и да ги ослободи од зависноста од криминалците, пишува Билд.
„Итно ни е потребна промена на парадигмата: забрана за купување сексуални услуги во Германија“, кажа Бар за германскиот весник. „Тоа де факто би ја забранило проституцијата – за доброто на жените“.
Ситуацијата за проститутките во Германија во моментов е „драстична“, кажа германската пратеничка. Според проценките кои ги изнесе, во таа земја во моментов има околу 250.000 проститутки, од кои повеќето доаѓаат од странство.
Само десет отсто од нив се пријавени, додека останатите живеат во илегала, наведува Билд. Проституцијата во Германија е легална од 2002 година, од кога законски повеќе не се смета за неморална.
Бар изјави дека поради тоа „Германија се претворила во борделот на Европа“, и дека станала исклучително атрактивна земја за сексуален туризам.
Таа додаде и дека повеќето жени кои се бават со проституција во Германија се измамени со лажни ветувања, како и дека се присилени да ја работат таа работа.
„Тоа е трговија со луѓе среде Европа, налик на ропство“, истакна германската пратеничка. „Жените таму се третираат на најлош можен начин“.
Бар, како и други германски пратеници, сакаат да го сменат законот за проституција и да воведат таканаречен нордиски модел, кој не ги казнува проститутките туку нивните муштерии.
Во Шведска, откако беше воведена забрана за купување секс, „бројот на проститутки драстично опадна“, изјави Бар.
Таа додаде и дека „не може да има вистинска еднаквост сè додека прифаќаме стотици илјади жени да се третираат како робови“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…