Пратка со муниција за Израел спречена да се натовари на брод на грчко пристаниште
Десетици членови на грчкиот синдикат на пристаништето во Атина го блокираа товарењето на контејнер со муниција наменета за Израел во знак на протест против војната во Газа, изјавија во петокот за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот.
Контејнерот, кој пристигнал во грчкото пристаниште Пиреа во четвртокот, содржел 21 тон муниција, изјави еден од синдикалците за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен. Муницијата бил транспортирана со камион преку Македонија и требала да биде натоварена на брод со знаме на Маршалските острови за Израел.




Пред инцидентот, синдикатот на пристанишните работници ги повика работниците да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција што ќе се користат во војната во Газа.
„Време е гласно да кажеме дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане воена отскочна даска“, стои во нивната изјава објавена на Фејсбук. „Се бориме за мир…не за учеството на Грција во војната!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Дома чувале „цел арсенал“: Автоматски пушки,…
На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за…
Денис Шмигал: Светот има недостаток на муниција…
Премиерот на Укриана Денис Шмигал изјави дека…
Руските санјперисти би можеле добијат хиперсонични куршуми
Рускиот производител на оружје Лобаев објави дека…
Пронајдени оружје и муниција, приведени две лица…
На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од…
Приведено едно лице при претрес во Велес,…
Во Велес вчера во 15.50 часот полициски…