ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ Е КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ВИСТИНСКАТА ВОЈНА: Израелски пратеник тврди дека одлуката е донесена, а Бејрут ќе личи на Газа

t

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и Либан.

Според Ватури кој е член на Ликуд по избувнувањето на војната, бејрутското предградие Дахије, главното упориште на Хезболах, „ќе личи на Газа“.

– Нема друг начин. Ова е нешто што ќе се развива во наредните денови – додаде Ватури, кој е и дел од парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана.

Тој, исто така, тврди дека Нетанјаху веќе ги известил воените претставници дека „мора да стават крај на оваа сага“, пишува „Тајмс оф Израел“

Ватури ја претстави и својата воена стратегија. Според него, војната треба да се започне со превентивен напад како неодамнешниот за кој Израелците тврдат дека спречил планиран голем напад на Хезболах врз централен Израел.

Сепак, Ватури нагласува дека овој пат превентивниот напад треба да трае најмалку 4-5 дена, по што би следела копнена инвазија.

Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат оган по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Тензиите дополнително се зголемија откако Фуад Шукр, врховен командант на исламистичката група, беше убиен во израелски воздушен напад врз упориште на Хезболах во јужните предградија на Бејрут на крајот на јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АКО СТЕ ВО АТИНА, НЕ ЧЕКАЈТЕ ТАКСИ,…

Од пет часот утрово таксистите во Атина,…

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ Е КОГА ЌЕ ПОЧНЕ…

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди…

Советниците на Тошковски и Исени секој месец…

23 лица ги советуваат министерот и заменикот…

75-годишна жена скокнала од тераса бегајќи од…

75-годишна жена била тешко повредена кога паднала…

Како на филм: Нападнат скопјанец – го…

Синоќа во 21.10 часот во СВР Скопје,…