Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

t

Татијана Петрушевска, прва обоистка на оркестарот на Национална опера и балет, каде што работи повеќе од 30 години, јавно обвини за системски притисоци, мобинг и незаконски постапки врз уметниците и вработените во институцијата, посочувајќи дека состојбата кулминирала по доаѓањето на директорот Оливер Арсовски.

Петрушевска изјави дека преку поддршка од Синдикатот на културата, таа и нејзини колеги писмено се обратиле до министерот за култура со барање за итна заштита од, како што наведе, континуирани притисоци, уцени и закани, особено кон жените уметници.

„Како уметник, 30 години безпрекорно ја извршувам својата работа. Но, во последната година јас и моите колеги сме изложени на тортура. Сето тоа кулминираше со забрана за мој влез во МОБ и со казна од 50 проценти намалување на платата во наредните шест месеци. Тоа е спротивно на процедурите и надвор од ингеренциите на директорот, кој сам не може да донесува такви одлуки“, изјави Петрушевска.

Според неа, ваквите одлуки се доказ за насилнички однос и обид за демонстрација на надмоќ. Таа посочи дека уште од првиот момент кога притисоците кулминирале, во нејзина заштита застанале првите инструменталисти на оркестарот, со цел да се смири тензијата, но, како што рече, диригентот, инструиран од директорот, продолжил со заканите.

„На состанок беше кажано дека додека е жив нема да престане да ме гони мене – жена, обоист и докажан уметник. Закани добиваа и колегите кои застанаа во моја одбрана. Со највулгарен речник ни се обраќаат секојдневно. Денес, 15 години по првото директорување на Арсовски, сценариото се повторува. Јас, како жена и прв обоист, бев избрана за мета на мобинг“, рече Петрушевска.

Таа побара од Министерство за култура итно да преземе мерки и да обезбеди заштита за неа и за сите колеги и колешки кои, како што наведе, се изложени на секојдневен мобинг. Воедно изрази сомнеж дека министерот ќе реагира соодветно, имајќи ја предвид, како што рече, нивната соработка од 2016 година.

„Ќе го повикам и премиерот итно да ја истражи состојбата во МОБ, која не е само институционално, туку и меѓучовечки целосно девастирана“, додаде Татијана Петрушевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам…

Татијана Петрушевска, прва обоистка на оркестарот на…

Сиљановска-Давкова оствари средба со гувернерот на НБРМ:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими на средба…

Кој се плаши од внатрешниот дијалог во…

Пишува: Фатмир Битиќи, пратеник во Собранието Во…

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за…

Демократската унија за интеграција уште еднаш потсетува…

Протест пред УЈП во Куманово – се…

Кумановци кои работеа во американски компании во…