Прва реакција од Москва: Не исклучуваме контакти со американските претставници неделава

Руското Министерство за надворешни работи вечерва оопшти дека не исклучува контакти со американски претставници во следните неколку дена, пренесе „Скај њуз“.
Ова е првата реакција од Москва откако украинските и американските претставници на разговорите во Саудиска Арабија постигнаа договор, а Украина начелно прифати 30-дневен прекин на непријателствата со Русија. Шефот на американската дипломатија Марко Рубио изјави дека „топката сега е во Москва“ и најави дека САД ќе ѝ го претстават предлогот на Русија во следните денови.
Изјавата од Москва доаѓа и по коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека „мисли дека ќе разговара со Владимир Путин оваа недела“.
Американскиот претседател им рече на новинарите пред Белата куќа дека се надева дека ќе има целосен прекин на огнот во наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прва реакција од Москва: Не исклучуваме контакти…
Руското Министерство за надворешни работи вечерва оопшти…
Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…
Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…
Кремљ: Москва е загрижена за милитаризацијата на…
Европската унија се позиционира како противник на…
За Москва укинувањето на помошта на САД…
Песков во врска со суспендирањето на американската…
Вучиќ: Ако се договори мир до Велигден,…
Доколку до Велигден се договори мир во…