„Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, вели Филипче

Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите, не прифаќа никакви предлози кои се во интерес на граѓаните за да се намалат цените и сметките за струја, граѓаните страдаат од нивната неспособност, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Излегува премиерот и вели дека сме одлични во економијата, први сме. Одлични и први сме во што? Во тоа што струјата поскапе за 30%? Во тоа што цените во маркетите растат неконтролирано?“, прашува Филипче.
Тој потенцираше дека Владата не прави ништо за да ја спречи економската нестабилност.
„Во една тешка економска ситуација, треба да растат платите, да има контрола на цените, да има поддршка за компаниите, да се спасуваат работни места. Но, оваа Влада ништо не прави. Немаат желба да седнат ниту на економско-социјален совет, ниту да примат било каков совет за да направат нешто во интерес на граѓаните“, додаде тој.
Неспособноста на владејачката гарнитура, како што вели тој, е очигледна а граѓаните страдаат поради таа неспособност.
„Ниту премиерот, ниту некој од министрите, ниту било кој од неговиот најблизок тим има искуство во менаџирање на големи системи. Ништо никогаш не менаџирале. Сега се учат, ама лошо се учат и тешко дека ќе се научат,“ заклучи Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…
(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…
Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…
(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…
Венко Филипче министерот за здравство во заминување…
Се бара извинување од Ковачевски за 3aeв…
Димитар Ковачевски треба да се извини за…