Објавено на:

(Видео) Прво интервју на Бајден по повлекувањето од претседателската трка: „Трамп нема да дозволи мирен трансфер на власта“

t

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе води кампања за демократската кандидатка Камала Харис во Пенсилванија, клучна држава на претстојните претседателски избори во ноември.

Бајден ова го изјави во интервју за Си-Би-Ес, што е негово прво интервју откако на крајот на јули објави дека ќе се повлече од претседателската трка, пренесе Ројтерс.

Харис води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп за четири процентни поени во Пенсилванија и во две други клучни сојузни држави, Висконсин и Мичиген, според анкетите на Њујорк Тајмс и Колеџот Сиена објавени во саботата.

На прашањето дали ќе води кампања за Харис, Бајден одговори потврдно.

Бајден рече дека тој и гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро работат на предизборна турнеја во Пенсилванија.

„Тој е мој тип на момче, тој е реален, паметен е, го познавам неколку децении. Мислам дека тоа е фантастичен тим“, рече Бајден.

Бајден, исто така, предупреди дека Трамп и неговите поддржувачи нема да дозволат мирен трансфер на власта на Камала Харис.

„Тој го мисли она што го кажува, иако не секогаш го сфаќаме сериозно. Тој вели дека ќе пролее крв ако изгуби, изборите ќе бидат украдени. Не можете да ја сакате својата земја само кога ќе победите“, рече Бајден.

Да потсетиме, Бајден на 22 јули официјално објави дека се повлекува од трката за претседател на САД. Веднаш потоа тој и даде целосна поддршка на својата потпретседателка, Камала Харис, која ја доби номинацијата на Демократската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прво интервју на Бајден по повлекувањето…

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе…

(Видео) При гаснење на пожар изгоре единственото…

Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото…

Командант Гис: Германија да биде подготвена за…

Германија треба да биде подготвена за голем…

ЦЕЛА ВЕЧЕР СЕ ВОДИ БОРБА ОГНОТ ДА…

Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Река народ од Македонија…

На денешен ден пред 34 години во…