Прв братучед на Изет Меџити е назначен за директор на МЕПСО
Прв братучед на вицепремиерот Изет Меџити, Бурим Љатифи, е назначен за нов директор на МЕПСО.
Денеска од Министерството за транспорт и врски информираа дека се назначени нови членови на Надзорниот и Управниот одбор на Операторот на електропреносниот систем за пренос на електрична енергија АД МЕПСО. За нов директор е назначен Бурим Љатифи, а за заменик директор Александар Пауноски.
Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека како единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.
Новиот Надзорен одбор на вчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.
Согласно законските прописи, за блиско лице се смета т лицата во брачна или вонбрачна заедница со службеното лице, роднини по крв во права линија и во странична линија до четврт степен, роднините по сватовство до втор степен, како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има финансиски интерес.
Под поимот „корист“ се подразбира остварување на секој вид материјална или нематеријална, придобивка, погодност или предност за себе или за друг.
Останува ДКСК да провери како и дали Изет Меџити влијаел на оваа одлука за поставување на неговиот братучед за директор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв братучед на Изет Меџити е назначен…
Прв братучед на вицепремиерот Изет Меџити, Бурим…
(Видео) Скандал: Фирма на министерката Божиновска должела…
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денес го објавуваме…
Азир Алиу ќе биде директор на МЕПСО?
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација,…
МЕПСО е цел на кибер-напади!
Македонскиот електропреносен оператор, МЕПСО АД Скопје се…
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…