Прв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридско село
Случај на мошне заразната болест африканска чума кај свињите вчера е детектиран на приватно стопанство во охридското село Лакочереј.
Станува збор за прв потврден случај на болеста во охридскиот регион.
Согласно превентивните мерки за спречување на ширењето на болеста, уништени и соодветно третирани се осум маторици и 20 прасиња од односната фарма.
Засега нема индикации за појава на болеста во селото во чиј атар има некаде околу илјада единки свиња.
Случаи на појава на африканска чума во охридско досега е региестриран само во едно од трите ловишта, со заразени единки дива свиња.
Африканската чума е високо заразна болест кај свињите. Не е опасна за здравјето на луѓето, но може да има далекусежни негативни последици по стопанството оттаму што носи ограничување на извозот.
Сите земји во ЕУ каде ја има болеста предвидуваат строги мерки за контрола и забрана за движење на животните од регионите каде има потврдени случаи на болеста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сезоната продолжена: Ќе се лови дури до…
Периодот за ловење на диви свињи се…
Црна Гора зaбpaни увоз на свињи од…
Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство…