Преговорите меѓу Русија, Украина течат во насока што ѝ одговара на Москва, тврди Си-ен-ен
Одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го испрати министерот за одбрана Рустам Умеров на средба со руската делегација во Истанбул беше тешка, неизбежна но и неопходна.
Овој потег е насочен само кон една личност – американскиот претседател Доналд Трамп, анализира во свој текст американскиот телевизиски канал Си-ен-ен, зо преговорите меѓу Украина и Русија.
Како што наведува медиумот Киев мора да покаже дека е подготвен да направи чекор кон мирот, колку и да е симболичен, за да не ризикува Трамп постепено да почне да ги слуша проруските гласови околу него, да го изгуби интересот за целиот процес или да ја ограничи помошта за Украина.
Мировниот процес всушност се одвива токму онака како што сака Русија – полека, според распоредот што го диктира Кремљ, пишува Си-ен-ен.
Во неделата кога Франција, Велика Британија, Германија и Полска застанаа на страната на Украина и повикаа на 30-дневен прекин на огнот и стана јасно што навистина мислат Владимир Путин и Доналд Трамп за преговорите.
Клучното откритие е дека Кремљ не се плаши од нови санкции, ниту од европски притисок, ниту пак чувствува обврска да одговори на предлозите на Трамп. Засега, Путин оценува дека потенцијалните внатрешно-политички ризици од заедничката фотографија со Трамп и Зеленски многу ја надминуваат можната штета од незадоволството на Трамп.
Одбивањето да се приклучи на западната иницијатива е пресметан ризик кој веќе и се исплатеше на Москва.
Одговорот на Трамп, поточно изјавата дека „ништо нема да се случи додека тој и Путин не се сретнат“, ги фрли во ветер сите дипломатски планови на Западот додека не се одржи таа билатерална средба.
На тој начин Путин добива слобода на дејствување, свесен дека американскиот претседател смета дека без средба меѓу двајцата нема да има напредок во воспоставувањето мир во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…