Предвремени парламентарни избори логично е да има само ако оваа влада биде поразена на локалните, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предвремени парламентарни избори логично е да има само доколку Владата биде поразена на локалните избори следната година. Во спротивно, тој очекува опозициските партии да се повлечат и да се посветат на себеси.
Мицкоски додава дека во тој случај опозициските партии ќе имаат време да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат.
„Ние сме фокусирани на развој на државата. За девет месеци од денеска ќе имаме кампања за локални избори на кои граѓаните ќе можат да го кажат својот збор. Доколку граѓаните ја поразат оваа Влада на локалните избори логично е да има предвремени парламентарни избори после тоа. Но, доколку оваа Влада ги порази опозициските политички партии на локалните избори тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе, да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат и да може на следните парламентарни редовни избори да излезат со нова програма и нови кадровски решенија“, рече Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов влажен бран доаѓа во Македонија: Подгответе…
УХМР информира дека под влијание на влажен…
Победникот на „Звездите на Гранд“ во масакрот…
Победникот на шестата сезона на „Звездите на…
Мицкоски ќе оди на инаугурацијата на Трамп,…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е поканет и…
ФБИ истражува дали нападот во Њу Орлеанс…
ФБИ истражува дали има некаква поврзаност помеѓу…
Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени…
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на…